БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ е единствената реална политичка сила која може да ја урне актуелната ненародна власт на СДСМ и ДУИ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во емисијата “За или Против” на ТВ Алфа, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ јасно ги оцрта црвените линии на партијата во однос на националните прашања кои што по превземање на власта ќе бидат јасно имплементирани во интерез за доброто на сите граѓани.

Александар Николоски на почетокот на интервјуто ја истакна потребата и подготвеноста на партијата да ја превземе власта без условувања и уцени од помали политички партии а пред се од партии кај кои што се уште царува националистичкиот шовинизам пред се во албанскиот политички кампус. За чист мандат во кој што во целост би дошле до израз политиките и заложбите на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и целиот тим во партијата потребна е референдумска поддршка од над 61 пратеник за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на изборите на 8 мај, со што конечно на Македонија ќе и тргне напред.

“ВМРО-ДПМНЕ е единствената реална политичка сила која што може да се спротивстави и затоа ни е потребен чист мандат со 61 пратеник, за да не бидеме уценувани од ниту една политичка партија во формирањето на влада, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на ТВ Алфа.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Николоски смета дека гласот за помала политичка партија е исто како да е глас за СДС и ДУИ.

“Гласот за помала политичка партија е исто како да е глас за СДС и ДУИ. Значи треба граѓаните да одлучат дали ја поддржуваат оваа влада на СДС и ДУИ или не ја поддржуваат. Ако ја поддржуваат тогаш нека си гласаат директно за нив. Но, доколку не ја поддржуваат, тогаш треба да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ. Глас на средина не постои. Затоа што тоа се фрлени во вода гласови со овој изборен модел кој што го имаме пропорционален со 6 изборни единици, а тоа е тоа што го посакуваат СДС и ДУИ.”

-рече Николоски пред лицето на историјата.

Целото интервју во кое зборува за сите горливи прашања од интерес на Македонските граѓани и тоа без ракавици на Александар Николоски може да се погледне во видеото во продолжение:

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace