Пред неколку денови во емисијата “Вечерното Шоу на Богдан Илиевски” која се емитува на ТВ АЛФА свое забележително гостување имаа претставници на Македонските здруженија од повеќе европски држави кои што работат и егзистираат низ Европа, но со својата кауза и борба се посветени на подобрување на состојбите за своите роднини, пријатели и целиот Македонски народ во Република Македонија. Ацо Крстевски од здружението Александар Македонски од Германија, Илона Захариева од Италија, Златко Николовски од Франција и Слободан Алексов од Швајцарија во емисијата зборуваа за повеќе актуелни теми поврзани со условите за живот и работа на Македонците во европските земји, но и за нивните врски со нивната родна татковина Македонија.
Во пресрет на првиот круг на Претседателските избори кој што ќе се одржи на 24 април како и на вториот круг од Претседателските избори и Парламентарните избори кои ќе се одржат на 8 мај, Македонците од дијаспората во Европа веќе масовно се мобилизираат за да дојдат во Македонија и да бидат решавачки фактор на изборите за иднината на МАкедонија.
Притоа сите претставници на европската дијаспора се решени дека е дојдено времето за промени во државата поради лошите услови ви изминатиот период кој што ги засега интересите на Македонците во дијаспората.
На 24 април и на 8 мај Македонската дијаспора е решена да дојде масовно во Македонија за да гласа на изборите со што ќе ја дефинира иднината на Македонија во наредните години.
Поради воведениот цензус за излезеност на гласачи од дијаспората што беше дел од т.н. Пржински договори, постои голема можност гласот на луѓето кои што планираат да гласаат во дипломатско-конзуларните претставништва да пропадне, затоа огромен број од Македонците низ сите европски земји се решени да допатуваат во Македонија за 24 април и за 8 мај за да ја казнат актуелната ненародна власт на СДСМ и ДУИ поради кои се нарушија односите на Македонската дијаспора со владините институции.
Притоа како едно од клучните барања кое што го афирмираше секретарот на здружението Александар Македонски од Германија Ацо Крстевски е да се формира Министерство за дијаспора преку кое ќе се воспостави целокупната соработка на Македонците од целиот свет со нивната татковина Македонија.
Овој дел од разговорот со овие прашања проседете го во видеото во продолжение:


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Објавен конкурс за нови композиции фестивал “Бисер на Јадранот” 2026 – повик за пејачи, автори од Македонија
Македонската традиција живее во Пустец. Најавено присуство на Премиерот Мицкоски
И оваа година успешно се реализираше Летната школа по Македонски јазик и култура во Велики Лошињ, Хрватска