Претседателскит кандидат Стевчо Јакимвски денешниот прв ден од кампањата во рамки на трката за претседател на Република Македонија го започна од Тетови.
Тој заедно со својот коалициски партнер Самка Ибраимовски имаа дружење со граѓани во едно тетовско кафеанче, од каде Јакимовски упати повеќе пораки во јавностa:
ЌИм благодарам на тетовчани за срдечниот пречек и навистина ми е чест што претседателската трка ја започнувам во Тетово.
Огромната поддршка е доказ дека на граѓаните им е преку глава од црно-белиот свет на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, тетовчани бараат промени.
Имав шанса да поразговарам за проблемите со кои се соочуваат храбрите тетовчани, нашата коалиција „Храбро за Македонија“ има визија, имаме решенија и ќе донесеме суштински промени.
Како претседател на Република Македонија нема да ги делам граѓаните по етничка и верска припадност, јас ќе бидам претседател на сите и секој граѓанин во мене ќе има свој заштитник.
Денес тргнуваме „Храбро за Македонија“, нема назад и нема повлекување се додека не го промениме црно-белиот свет во Македонија.”
-напиша на социјалните мрежи Стевчо Јакимовски- кандидат за претседател на Република Македонија од партијата ГРОМ.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Делегација на МВР учествуваше на 15. конференција на ИНТЕРПА во Доха, Катар
Министерот Клековски ги прими новоименуваните директори на три универзитетски клиники
По измените во проектната документација – продолжуваат градежните активности на Домот за стари лица во Кочани