Вечерва со почеток во 20.30 часот на плоштадот во Штип ќе се одржи завршниот митинг за првиот дел од кампањата за претседател на Република Македонија на кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија Проф. Д-р Гордана Силјановска Давкова.
“Ве покануваме на големиот завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори.
Сите заеднички да се обединиме, да ставиме крај на бедата и предавствата што ги нанесоа на Македонија!
Се гледаме вечер во 20:30 часот на плоштадот во Штип!
“
-ги повика граѓаните носителот на кандидатската листа за пратеници во Третата изборна единица од коалицијата “Твоја Македонија”, Драган Ковачки.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Претстои реконструкција на игралиштата во ООУ „Св. Кирил и Методиј“
Полскиот амбасадор во посета на Општа болница Кочани
Градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски дел од јавниот форум „Жените знаат што им треба“, во организација на Здружението „Гласен Текстилец“ во Штип