БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Гоце Марков: Бараме академски студии и дефинирана професија

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

,,Почитувани колешки и колеги, Ви го честитам Меѓународниот ден на медицинските сестри и техничари, кој се одбележува на 12 Мај секоја година и значи за жал само редовно потсетување на големината на оваа професија, но за жал без активни дејствија за нејзина дистинкција, диференцијација и етаблирање во здравството како посебна, определена јасно и дефинирана.

Овој ден се слави низ целиот свет за да се одбележи огромниот придонес на медицинските сестри и техничари во општеството.

12 Мај е избран за прв пат во 1974 година, како датум кој ќе се прославува, бидејќи овој ден е годишнина од раѓањето на Флоренс Најтингел, која се смета како прва модерна медицинска сестра.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Професијата Медицинска сестра/техничар во здравствениот сектор e со главна цел, грижа за поединци, семејства и заедници за сите тие да можат да постигнат, одржуваат оптимално здравје, благосостојба на телото и квалитет на живот.

Медицинските сестри се разликуваат од другите даватели на здравствената грижа според нивниот пристап кон пациентите, обуката и опсегот на пракса.

Тие обезбедуваат нега во рамките на препораките на лекарите, и оваа традиционална улога ја обликува историски сликата за медицинските сестри како даватели на здравствени услуги.Денес сликата во светот е поразлична бидејќи современите клиники имаат современи пристапи и нови поквалитетни и образовани профили кои јасно се дефинирани според СЗО, но за жал кај нас сеуште имаме дефицитот од овој профил кој во иднина ќе биде уште повеќе продлабочен ако јасно и гласно не се застане во дефинирање на професијата, нејзино етаблирање во здравствениот систем и дистинкција на образовните нивоа.

Донесување на Закон за медицински сестри и техничари кој закон ќе ги рефлектира истите како двигатели во болниците, ќе ги позиционира со законски определени компетенции, како ментори, предавачи со конкретни работни задачи и одговорности а со тоа ќе развие тој т.н. кариерен развој. Во превод, сестрите МОРА да добијат академски студии од 240 ЕКТС со што ќе имаме предавачи а не само демонстратори, едукатори и ментори на нововработени, членови на комисии за полагања и можност за развој и напредок на повисоки нивоа како специјалности и магистри во соодветните области а со тоа и квалитетни кадри на нашите факултети кои понатаму ќе го пренесуваат знаењето на новите студенти. Слабата пракса и немањето редовни едукации и вежби, немањето контрола над работите последниве години доведе до потребата од целосен рестарт на здравството. Нека им е честит овој ден на сите медицински сестри и техничари!!”

Академски наместо стручни студии и дефинирање на професијата Медицинска сестра/ техничар беше апелот на членот на Централната комисија за здравство при ВМРО-ДПМНЕ Гоце Марков кој меѓу другото истакна дека слабата пракса и едукација го намалува квалитетот на дадените и укажани здравствени услуги кон пациентите и потребата од рестарт на целото здравство.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace