БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Изведба на Комедијата „Леле, Перо“ во Свети Николе

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Комедијата „Леле, Перо” подготвена од учениците во СОУ „Кочо Рацин” и студентите на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ ќе биде премиерно изведена на 25.12 во 19:00 часот, во просториите на универзитетот. Изведбата на претставата е како дел од програмата на Новогодишен фестивал и базар во Св. Николе.

Дојдете заедно да ги проследиме згодите и незгодите на шефот Перо и неговите сегашни, поранешни и идни жени. Дејствието се одвива пред Нова Година во канцелариите на една мала фирма, каде главниот збор го има чистачката, а останатите службеници „чекаат да дојде шефот за да започнат да работат“.

-стои во објавата за заинтересираните граѓани.

Влезот за претставата е бесплатен.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Ова е трета година по ред како се организира овој Новогодишен фестивал и базар! 

Новогодишниот фестивал ќе се одржи на 25, 26 и 27 декември, секој ден од 17:00 до 21:30 часот на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и Ресторан „Златна Москва“ во Св. Николе. 

На фестивалот ќе биде организиран и новогодишен базар со магични дрвени куќички, рачно изработени празнични декорации, книги, варено вино и традиционални македонски специјалитети. 

Освен базарот, за секој ден од Новогодишниот фестивал има предвидено културно-забавна програма, која ќе биде интересна за сите возрасни категории. 

ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ШТАНДОВИ: https://msu.edu.mk/bazar2018/

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace