Ракометната репрезентација на Македонија се соочи со првиот пораз на првенството во групата Б од Хрватска 31-22 (16-11).
Најефикасен во хрватскиот состав беше Дувњак со шест голови, а човек на мечот беше голманот Шего кој одбрани 14 интервенции. Во нашата селекција најпрецизен беше Манасков со шест голови, а потоа следуваа Лазаров со пет голови и Пешески и Талески кои реализираа по три.
Во четвртата рунда која се игра на 16 јануари Македонија ќе се сретне со репрезентацијата на Шпанија.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Пронајден хероин во дом на жител од Свети Николе
Кривична пријава за 4 жители на Крива Паланка
150 студентки, отворени предавања и силна порака од dm по повод Светскиот ден на менструалната хигиена