БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Скопје како Бејрут: бомби, грабежи, рачни фрлачи станаа секојдневие за скопјани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На прес конференција од пред централата на МВР во Скопје,
Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ го обвини министерот за внатрешни Оливер Спасовски за спрега со криминалот во државата:

Оливер Спасовски може да го злоупотребува МВР и медиумите и да лаже дека Скопје е побезбеден од Стокхолм и дека тоа е благодарение на него, но реалноста е дека криминалот царува особено пред избори кога партиите од власта не бираат средства за да ги наполнат нивните каси. 
Криминалците оперираат, Спасовски не презема ништо и затоа отворено се сомневаме дека постои отворена спрега меѓу нив.

Вчера апелиравме дека власта нема контрола и дека криминалот царува, не поминаа ни 24 часа, а сведоци сме на фрлени бомби во угостителски објект и вооружен грабеж како од филмска сцена. Синоќа во 01 часот и 35 минути по полноќ на угостителски објект во близина на Бит – пазар е испукан проектил од рачен фрлач, при што е оштетен објектот каде што е фрлен проектилот, но оштетени се и соседните објекти. МВР случајот уште го нема расчистено.
Се молчи и за опожарено возило на сопственик на неколку казина. Во третиот случај со закана со автоматски пушки ограбена е експозитура на “Халк банка” во Визбегово на Качанички пат. Разбојниците украле непозната сума на пари. Како на филм ги легнувале на земја вработените и им се заканувале дека ќе ги убијат. МВР и во овој случај не реагира. Сторителите се непознати, а штета е направена.

Власта предводена од Зоран Заев и Оливер Спасовски не можат да воспостават ред. Граѓаните секојдневно се жртва на насилници и криминалци, а полицијата чија основна дејност е да ги заштити граѓаните со прст не мрднува. Граѓаните заслужуваат да живеат во стабилна држава.
СДС мора да си замине.

-изјави Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace