БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

5 те најгламурозни венчавки што ја обележаа 2018-та година

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Изминатава година ја обележаа две кралски венчавки коишто ги следеше целиот свет. Гламурозност за која ќе се зборува цела година. Покрај тоа, многу други славни личности решија да го кажат судбоносното да. Некои од најголемите ѕвезди ги одржале нивните венчавки во интимна атмосфера, само со најблиските.

Погледнете ги најгламурозните венчавки што ја обележаа оваа година.

1. Меган Маркл и принцот Хари

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Венчавка за која сè уште се зборува. Меган Маркл и британскиот принц Хари се венчаа со раскошна церемонија во дворецот Виндзор. Покрај членовите на кралското семејство, на венчавката присуствуваа и многу познати личности.

2. Принцезата Јуџин и Џек Бруксбенк

Внуката на кралицата Елизабета, принцезата Јуџин, стапи во брак со Џек Бруксбенк. Принцезата носеше прекрасна венчаница, а до олтарот ја однесе нејзиниот татко, принцот Ендру. И на оваа венчавка беа присутни многу славни личности, помеѓу кои и мајката на Јуџин, Сара Фергусон, која не е во добри односи со кралското семејство.

3. Пријанка Чопра и Ник Џонас

Актерката и поранешна Мис на светот со индиско потекло се омажи со 10 години помладиот Ник Џонас. Свадбената церемонија траеше 4 денови, по индиската традиција. Свадбата заврши со церемонија во американски стил.

4. Ричард Гир и Алехандра Силва

Актерот Ричард Гир се ожени со шпанската убавица Алехандра Силва. Ова е трет брак на Ричард Гир, а и двајцата имаат деца од претходните бракови.

5. Хју Грант и Ана Еберштајн

Познатиот холивудски ерген за прв пат реши да стапи во брак на 57 години. Хју Грант и Ана Еберштајн се венчаа со интимна церемонија во Челзи.

Креирано од:


Пренеси го гласот