Во понеделникот, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов во Мултикултурниот центар даде отчет пред граѓаните за сработеното и активностите по повод една година од мандатот.
За реализираните проекти во текот на изминатата година заедно со градоначалникот говореа и секретарот на Општина Кочани, раководителот на Секторот на уредување и располагање со градежно земјиште и раководителот на Одделението за јавни дејности.
Презентираниот отчет за изминатата година содржи бројни завршени и отпочнатите проекти од различни области, работни активности во делот на инфраструктурата, културата и спортот, образованието, противпожарна заштита итн.
Градоначалникот Љупчо Папазов за наредната 2023 година најави и дел од идните проекти, како што се опремување на Мултикултурниот центар со уреди за ладење и греење, реставрација на Споменикот на слободата, дигитализација на општинските услуги итн.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Со лажен сертификат по Англиски јазик сакал да биде директор на основно училиште во Берово
Во болницата во Кочани ќе се вршат мамографски прегледи за пациентките од Штип и регионот
Директор на јавното претпријатие во Македонска Каменица осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување