Со видео порака Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски упати јавен повик до сите граѓани низ општините каде што беа избрани градоначалници од оваа партија за доставување на предлози за реализација со сретства од општинските буџети за 2023 година.
Исто така во јавноста денеска беше промовирана новата онлајн платформа достапна на www.budzet.mk преку која граѓаните во општините каде што има избрано градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ ќе можат да предложат свој проект за реализација за периодот кој претстои.
“Кога пред една година ни ја дадовте вашата доверба, верувавте во нас. Таа ваша верба е нашата најголема движечка сила.
Една година, соочувајќи се со предизвици, макотрпно се трудиме да ги оправдаме вашите очекувања, и да ги придвижиме и подобриме работите. Да создадеме вредности за сите луѓе. Да ја разбудиме надежта. Да ја обезбедиме иднината за вашите деца.
Покажавме дека е работата нашиот бренд. Покажавме дека може да има проекти. Има уште многу да се сработи. Проблемите се таложеле со години и децении. Ние не ги криеме, не ги потценуваме, но и не ги преценуваме. Ние смело се соочуваме со нив и имаме волја, желба и сила да ги надминеме. Веруваме дека заеднички, со сплотени сили, може да направиме многу. Успехот е поголем кога е споделен. И силата е поголема кога е заедничка.
Затоа Ве повикуваме да се вклучите и да придонесете со Вашите идеи во реализацијата на промените. Во пресрет на изготвување на буџетите за следната година, ние внимателно и со почит ќе пристапиме кон секоја Ваша идеја, истата ќе биде разгледана од страна на стручни и професионални лица и максимално ќе се посветиме да изнајдеме средства за реализација на идејата во рамките на следниот годишен буџет, или пак следните годишни буџети.
Затоа охрабри се. Предложи идеја. Ова е време на промени што се случуваат и носат подобра иднина.
Ова е твое време. Твое време и твоја идеја. Твоја идеја за твоето место. Твоја идеја за сите нас, за твоите сограѓани. Твоја идеја за промените. Учествувај во промените. Директно, непосредно, самоницијативно. Креирај ги, обликувај ги, создавај ги!
Промените се и твоја сопственост, исто како што се и проектите, исто како што ќе бидат и победите.
Создади ги промените. Создади нова иднина.
Буџет од народот за народот. Предложи ја ТВОЈАТА ИДЕЈА ЗА ПРОМЕНИТЕ!
БИДИ ДЕЛ ОД ПРОМЕНИТЕ ШТО НОСАТ ИДНИНА!“
-стои во пораката која денес ја упати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Македонија со историски раст од над 1 милијарда евра на странските инвестиции
Средба на Премиерот Мицкоски со заменик помошниот секретар за Западен Балкан на Стејд Департментот во Вашингтон
ВМРО-ДПМНЕ: Голем ГАФ на обвинителот, кој тоа ќе кажува и суди што е тежок и што е лесен пропуст, и дали ако е лесен нема потреба од разрешување