Крушево годинава ќе биде домаќин на 48-от Државен фестивал на непрофесионалниот филм. Фестивалот ќе се одржи во мај и се очекува да настапат многу перспективни режисери од Македонија.
Тие ќе се натпреваруваат во категориите: документарин филм, краток игран филм, експериментален филм, анимиран – цртан филм, едноминутен филм. Фестивалот е во организација на Кино-сојузот на Македонија и на Народна техника на Македонија, а со поддршка на Агенцијата за филм на Македонија и на општината Крушево.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Одбележан патрониот празник на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари
Предложен притвор за вработен во ДЗС осомничен за поткуп
Делегација на МВР учествуваше на 15. конференција на ИНТЕРПА во Доха, Катар