На 21 и 22 март (четврток и петок) ќе се реализира настанот , Ликовно-Музичката донаторска работилница, со почеток во 18:00 часот, во Хотел Манастир во Берово.
Настанот го организира познатиот хармоникаш Горан Алачки, заедно со уметникот Живко Поповски- Цветин, а со цел да се обезбедат средства за обновување на црквата ,,Св.Спас” во с. Владимирово, која настрада од пожар.

Берово не поканува да уживаме во уметничките дела на Цветин, проткаени низ прекрасните звуци на виртуозот Горан Алачки и воедно да помогнеме да се обнови опожарената црква.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево