Потребни состојки:
– Тенки кори за баклава
– 2 пакувања пудинг од ванила
– 2 лажички шеќер за прелив
– 1 лажица меда
– 50 грама суво грозје
– Масло
– Ванилин шеќер
– Пудингот се приготвува на начинот на кој е наведен на пакувањето.

Додајте шеќер по желба, едно пакување ванилин шеќер и сувото грозје. Оставете да се олади. Намачкајте ја кората со масло, преклопете ја и повторно намачкајте со масло.
Преклопете ја уште еднаш и од краевите додајте полна лажица пудинг со суво грозје. Свиткајте ги питите во облик на триаголници и наредете ги во тава. Намачкајте со масло одозгора и печете на 200 степени околу 30-тина минути.
Ако сакате да го збогатите вкусот со меден сируп, во мало тенџере ставете 2 лажички шеќер, 1 лажица мед и 200 милилитри вода.
Варете додека не забележите густи бели меурчиња.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
160 недели, најмалку 160 книги: КЛИК веќе објави 21 книга и го отвора македонското книжевно творештво кон светот
Видела лице зад сцената на концерт на Аеросмит, кое многу личи на нејзиното: Како Лив Тајлер дознала за своето биолошко потекло?
КИЦ СКОПЈЕ РАСПИША KОНКУРС ЗА ЛИКОВНА ДЕЈНОСТ