Во четврток на 11 април во салата во Домот на културата “Тошо Арсов” во Виница ќе биде прикажана театарската претстава ”
Физика на тагата ” во продукција на НУЦК Трајко Прокопиев и театарот од Куманово.
Текстот за претставата го направи Георги Господинов а режисер е Милош Б. Андоновски. Во претставата играат: Горан Илиќ, Марко Трајковиќ, Јасмина Василева, Александра Пешевска, Кети Дончевска Илиќ, Нина Максимова и Симона Димковска.
Во продолжение прнесуваме изјава на Режисерот Милош Б. Андоновски за претставата :
Во зависност од она што го нуди Театарот ја има моќта да ја обликува публиката преку својата репертоарска политика.
Оваа претстава зборува за тагата и важноста од сочувствувањето со другиот. „ Човек може да се стане само ако сочувствува со другиот“, вели еден од ликовите во претставата.
Не можеме да одбереме што ќе чувствуваме, а што не. Треба да се препуштиме и најпосле ќе сватиме дека никогаш не сме биле сами.
Билети во продажба од 08.04, понеделник, во просториите на Дом на култура „Тошо Арсов“ секој работен ден од 8:30 – 15 ч
Цена на билет 100 ден.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Ј А В Е Н П О В И К за избор на здружение на граѓани за дообразување на возрасни без завршено основно образование во Кочани
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево