Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево Горанчо Тодоровски, вечерва на свој начин одаде почит на играта на Македонската ракометна репрезентација во вториот квалификационен натпревар против екипата на Исланд во Скопје.
Македонските лавови го оставија срцето на теренот пред својата публика која пленеше со величествената атмосфера на натпреварот.

Натпреварот заврши нерешено со резултат 24:24 во неизвесна завршница во која предност од еден гол имаше Македонскиот тим.
Со победа Македонската репрезентација ќе се пласираше директно на завршницата на првенството, вака остана пропуштена можност, но она што останува впечатливо е борбената и рамноправна борба со исландскиот тим.

Овој втор реванш натпревар се одигра како дел од квалификациите за пласман на ЕП во ракомет кое ќе се одржи 2020 година


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево