Во рамки на теренските активности на актуелната кампања за Претседателските избори чиј прв круг ќе се одржи наредната недела, Цветан Трипуновски од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска беше на средби со жителите на село Разловци, делчевско.

Со жителите на востаничко Разловци и чуварите на идеите, аманетот и слободољубивоста на разловечките востаници од втората половина на XIX век, имаше можност да поразговара за актуелните состојби во државата, но и со секојдневните предизвици со кои се соочуваат жителите во нивниот секојдневен живот.

Во огромен број жителите на село Разловци ја искажаа својата поддршка за кандидатурата на Професорката Гордана Силјановска, најмногу поради нејзината принципиелност и нејзините силни ставови во однос на националните прашања поврзани со катастрофалниот Преспански договор и промената на името на државата од страна на политиките на СДСМ чиј што составен дел е и Стево Пендаровски.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево