Алармантна е состојбата со малите сипаници во земјава. Повеќе од 100 нови случаи секоја недела се појавуваат само во Скопје. Од заразените деца, 16-годишно девојче веќе три дена се бори за живот во Инфективната клиника, а во потешка состојба во оваа болница се уште три деца и тројца возрасни.
Загрижува тоа што и веќе вакцинирани деца завршуваат во болница. -Само во текот на вчерашниот ден од прегледани 10, на болничко лекување останаа 4 пациенти. Осумгодишно дете од Илинден, кое веќе било вакцинирано, едногодишно дете од Чаир кое не било вакцинирано, бебе од 8 месеци, исто така невакцинирано од Студеничани и 45-годишник кој никогаш не примил вакцина.
Во животно загрожувачка состојба на механкчка вентилација е 16 годишна пациентка од Скопје со церебрална парализа и масивна пневмонија како компликација од морбили. Во потешка состојба има тројца возрасни пациенти и три деца, сите со компликации. – велат од Инфективната клиника.
Во оваа болница поради мали сипаници лежат 36 пациенти од кои 17 деца. А на детската клиника има згрижено 6 деца заразени со морбили.
Невакцинираните деца нема да се примаат во училишта.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Делегација на МВР учествуваше на 15. конференција на ИНТЕРПА во Доха, Катар
Министерот Клековски ги прими новоименуваните директори на три универзитетски клиники
По измените во проектната документација – продолжуваат градежните активности на Домот за стари лица во Кочани