Од нашите села си заминаа младите,
Нивјето запустени, неорани, несеани.
Гумната исчезнаа се зарамнија вадите,
Останаа бајки нераскажани, песни неиспеани,
И многу љубови неизречени, недоживеани.
Нема коњи, нема стада, ни овци, ни крави,
Нема крштевки, ни свадби, ни слави.
Тивки и празни се нашите села,
Со последните старци и старици,
Со папсана снага, со збрчкани чела.
Васил МАНЕВСКИ


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Про-бугаринот Венко Филипче нека покаже како треба и нека ги стави бугарите во статутот на СДСМ, Македонскиот устав не му е дедовина да го решета како ќе му текне
Зошто НАТО не го активира членот 5 во војната меѓу САД и Иран?
Синдикалниот комунизам е мртов. Македонија како земја на услуги треба да развива трудов раст а не секојдневие на социјална пропаст