БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Еко – манифестација во Пехчево, за најмладите кои на несекојдневен начин и преку креативност ќе развиат позитивни еколошки навики

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Едукативниот центар за зачувување на природата во с.Негрево, Пехчево на 12 и 13 јули организира еко – манифестација за најмладите кои на несекојдневен начин и преку креативност ќе развиат позитивни еколошки навики. Отпочнувањето на манифестацијата е на 12 јули од 11.00 часот со краток воведен ден за целите на Едукативниот центар и презентација на тема 3Р (редуцирај, реупотреби, рециклирај).

Учесниците ќе имаат можност да изработуваат саксии за цвеќиња од пластична амбалажа и стари автомобилски гуми.


На 13 јули ќе се одржат две работилници, првата со почеток од 10.00 часот – изработка на табли со еколошки мотиви и украсување на стаклена амбалажа со декупаж техника, а втората со почеток од 14.00 часот – засадување на цвеќиња.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace


Дојдете и бидете дел од еко – манифестацијата за да покажеме дека има некој кој се грижи за животната средина во која живееме. – повикуваат од општина Пехчево.


Пријавување на телефонскиот број 075/ 462-592 Верица

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace