Утринава на социјалните мрежи беа објавени фотографии од поставени сообраќајни знаци во грмушки покрај регионалниот пат Делчево-Туристички локалитет Голак.
Според сведоштво на граѓани знаците се поставени на потегот од градските гробишта кон Манастирот Св. Богородица Балаклија.
Денеска и утре се очекува туристичкото место на врвот на планината Голак да го посетат над 5000 посетители по повод празнувањето на православниот празник Св. Пантелејмон.
Оттука ваквото поставување на овие собраќајни знаци не е јасно дали се во функција на безбедноста за патниците или некој нов тип на туристичка сензација.


Во обата случаи станува збор за видлива импровизација на надлежните институции и секако “интересен” момент од “новата приказна за Делчево”.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ПОВИК ЗА МЛАДИ: БЕСПЛАТНО УЧЕСТВО НА CASSINI SPACE CAMP
Делчево- единствената општина од регионот која го доби престижното признание “Младински пријателски град”
Спортските здруженија да достават извештаи за искористените буџетски средства до 25 ноември