БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Општина Берово – Известување за истовар на огревно дрво на јавна површина

Пренеси го гласот

Во пресрет на грејната сезона 2019-2020 година, се известуваат жителите на градот Берово дека во согласност со Законот за јавна чистота и Одлуката за комунален ред на Општина Берово се должни да поднесат Барање за истовар и средување на огревно дрво на јавна површина.

По поднесеното барање од страна на општинските служби се издава Решение за истовар и средување на огревно дрво на јавна површина, а доколку се забележат оставени дрва на јавна површина за кои нема поднесено Барање, против истите ќе бидат превземени соодветни законски мерки за санкционирање од Законот за јавна чистота (мандатна казна од 50 евра во денарска противвредност). – информираат од Општина Берово.

Креирано од:


Пренеси го гласот