БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Покана за саемот на традиционални производи “Малешевијата на дланка“ 2019

Пренеси го гласот

Во пресрет не очекува реномираниот музички фестивал и саем за зачувување на културното наследство.

На петдневната концертна фестивалска програма ќе настапат балканската музичка звезда Џенан Лончаревиќ, Влатко Стефановски, Горан Алачки, Етно Малеш, Синтезис, 2 БОНА, Влатко Лозаноски, Бени и Нон Стоп, Ефто Пупиновски, Штекици, ДЈ Сене, Ескејп Бенд,  Кико и Столе, Ангел и Иван, КУД, Димитар Беровски,, и други.

Во рамки на фестивалот се одржува и саемот на традиционални локални производи „Малешевијата на дланка“.

На овој се продолжува малешевската традиција, изложувајќи ги на штандови, ракотворбите изработени од вештите раце на малешевската домаќинка, и надалеку познатите малешевски специјалитети, шумски плодови и лековити билки.

Општина Берово Ве поканува, доколку сте заинтересирани за претставување и промоција на локалните производи, во прилог на поттикнување на локалниот економиски развој и туристичката понуда, да земете учество на оваа манифестација.

Пријавувањето за учество на саемот е до 16 август 2019 година со пополнување на пријава.

Телефон за контакт: +389 33 471 057

Лица за контакт:

Биљана Марковска Моб.071/384-771

Биљана Каламадевска Моб.071/580-899

Зоран Нешкевски Моб.071 626 649

e-mail:so.berovo@t.mk

Креирано од:


Пренеси го гласот