Јавно обраќање до премиерот и владата
НИШТЕЊЕТО НА ШЕСНАЕСЕТЗРАЧНОТО СОНЦЕ Е ФАШИЗАМ И ВАРВАРСТВО
Премиере и господо од криминалната влада на оваа страдалничка земја што ја пустошите безмилосно духовно, економски и идентитетски. Последното ваше упатство со закана за бришење на сите јавни места на шеснаесетзрачното сонце од Кутлеш е конкретен фашистички акт. Тоа потсетува на некои такви најмрачни акти на средновековната католичка инквизиција, а потоа во поновата историја и на херостратските потези на еврофашизмот, поточно на палењето на книгите и симболите на Евреите во Германија од Хитлер. Неговиот, пак, шпански колега херострат во Шпанија Франко ги палеше книгите и симболите на Католиците. И едниот и другиот сѐ со цел да ги снема овие етноси, да се испратат во идентитетска смрт со бришење на знаците од кои е исткаена нивната меморија и душа.
Тоа што сега ни се случува на нас Македонците, најпрвин со преименувањето, а потоа и со перманентното бришење на сите симболи и архетипови кои се основа на нашата колективна и индивидуална душа и постоење, генеза од која пиеме не со столетија, туку со милениуми животодавна вода и дишеме воздух за нашите бели дробови. Тие се пулсот на нашето срце и на соѕвездијата од знаци и меморија што кружат во нашата крв.
Вие, господо од крминогената влада ништо не знаете за тоа, оти сте зачнати безидентитетски на погрешно место и во погрешен час, во ноќ без ѕвезди што ја населила вашата мрачна душа и ум. А, такви, суштества на темното, како и можете да знаете што е тоа знак, симбол, архетип, изгрејсонцата кои никогаш не заоѓаат на еден народ и неговата колективна душа. Токму и затоа вие сте отпадници од тој народ и од таа душа. И ако ве споредивме со злосторството што го правите со Хитлер и Франко, тоа не значи дека вие сте рамни на нив. Напротив вашето злосторство е поголемо од нивното, имено поради својата опака, мрачна оригиналност, оти тие го ништеа идентитетот на други народи (Евреите и Каталонците), а вие го ништите идентитетот на сопствениот народ во кој, по некој проклетилак, наместо да се родите сте се изродиле. Сте пометнати. Така, и вашиот фашизам кон Македонците, на кои за жал им припаѓате како северни изроди, е од повисока, уште од помрачна класа од оној на еврофашистите Хитлер и Франко. За него допрва треба да се измисли име.
Страм да ви е и арам да ви е, такви, и животот срамен и смртта во оваа мартирска земја што страдала секогаш од предавници како вас! Но вашиот фашистички, геноциден проект нема да успее. Овој народ се буди тогаш кога му е најтешко, ќе се побуни обновен од болката, и духовно и херојски, и ќе тргне во пресудна битка за да си го врати она што му го грабаат домашните предавнички, балканските и западните мрачни хиени на историскиот хаос и злосторство.
Македонски манифест ги повикува свесните и освестените Македонци на сеопшт силен отпор и борба против идентитетската ликвидација: да застанат цврсто во средиштето на својата меморија од антиката до денес и да не отстапуваат ни педа, ни знак, ни симбол, ни архетип што е белег на нивната колективна душа, историско и метафизичко траење. Само така можеме да истраеме и да дотраеме, без разлика на цената, во овој суров свет на лажна демократија и хуманизам на западната евроамериканска диктатура во која се урнати сите морални и етички вредности на човековото постоење. Затоа, имено, и е потребно да се обнови старата добра лозинка, пролетерска абракадарба на обесправените и понижените: „Смрт на фашизмот, слобода на народот!“.
Македонски манифест ги повикува сите освестени Македонци да го истакнат шеснаесетзрачното сонце на балконите, прозорците и крововите на своите живеалишта и куќи како знак на самопочит кон генезата и отпор кон европскиот, грчкиот и домашниот фашизам и фашисти.
МАКЕДОНСКИ МАНИФЕСТ

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
КОГА КАРАКТЕРОТ ЌЕ СТАНЕ ПОГОЛЕМ НЕПРИЈАТЕЛ ОД НЕЗНАЕЊЕТО
Лишена од слобода 24 годишна жителка на Крива Паланка затоа што го нападнала својот сопруг со остар предмет
Голем успех за Македонија на светскиот избор Miss & Mister Planet 2026 во Грузија