Снимка снимена во зоолошка во Кина покажа мајмун како користи камен за да го скржи прозорот од кафезот во кој што беше затворен во обид да избега. Инцидентот се случил во Зоолошката Женгшоу во Хенан провинцијата во централна Кина на 20-ти Август.
Во видеото колумбиски капучин со бело лице (Cebus capucinus) може да се види како го набљудува стаклото со камен во рацете. Наредно што може да се види како мајмунот го удира стаклото по што успева да го скрши.

Еден од луѓето кои што го одржуваат кафезот со мајмуните кој што се идентификуфал себеси како Г-дин Ванг им кажал на репортерите дека претходно мајмунот бил забележан како го остри каменот пред обидот да избега.
По инцидентот вработените во зоолошката ги тргнале сите камења кои се наоѓале во кафезот со мајмуните .

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
160 недели, најмалку 160 книги: КЛИК веќе објави 21 книга и го отвора македонското книжевно творештво кон светот
Видела лице зад сцената на концерт на Аеросмит, кое многу личи на нејзиното: Како Лив Тајлер дознала за своето биолошко потекло?