ВНИМАНИЕ…!!! Заразен Заевизам од висок степен…!!!
Премиер, Министер и директор на ФЗОМ, промовираат отварање на реновиран ХОДНИК ОД 3ТИ КАТ на зградата за Интерна медицина, кој припаѓа на Клиниката за ГАСТРОЕНТЕРОХЕПАТОЛОГИЈА.
Ова присуство на Зоран Заев и сликање со кречен ходник и болнички соби, во кои не е обновен инвентарот ниту се набавени нови болнички кревети, покажува само дека немаат никаков план за Здравството, туку имаат само парцијални решенија.
Додека стигнал до овој реновиран ходник, триото ЗАЕВ-ДОНЧЕВ-ФИЛИПЧЕ, морале да поминат низ ходниците на болницата од приземјето на кои што им се одлепени плочките, кои што имаат плафони што протекуваат и ливтови кои што се скоро уништени.
Зградата на Интерна медицина во Кампусот Клиники Мајка Тереза, е постара од 50 години, ризична и инфраструктурно нефункционална.
Во 21 век да се сликаш во болнички соби кои се окречени, кои немаа ниту тоалет ниту чешма, го може само Зоран Заев и Ден Дончев…!!!
-интегрален став на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочоска со своја објава ја одбележа 34 годишнината од монетарната самостојност на Македонија
СДСМ: Градоначалникот на Крива Паланка мора да го праша народот – референдум за рудникот за антимон!
Петрушевски: Филипче на кој дома му е во Дубаи, не може да збори за патриотизам и државни интереси, дополнително само и штети на евроинтеграцијата на Македонија