БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Одржан протест во “5 до 12” за почиста животна средина во Куманово

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска пред Домот за култура на плоштадот во Куманово поголем број на граѓани протестираа за почиста животна средина.

Со граѓански крик, повик да излезат сите и заедно да побарат ЗДИВ за себе и своите најблиски, беше организиран граѓанскиот протест со почеток симболично во “5 до 12” граѓаните од граѓанската иницијатива “Македонија се гуши” доминантно од помлади возрасти, побараа од надлежните во министерството, владата како и локалната самоуправа во Куманово да превземат конкретни чекори во справувањето со алармантната состојба со животната средина во оваа голема општина.

Биравме политичари кои нудеа решенија, меѓу другото, токму и за овој проблем – чист воздух и сега бараме испорака на ветеното!
Бараме да изнајдат и преземат мерки, зашто токму за тоа ги плаќаме!
Бираме живот, не бавна смрт!

-соопштија oд граѓанската иницијатива “Македонија се гуши”.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Учесниците на протестот пртед јавноста ги прочитаа своите барања и најавија дека истите ќе бидат доставени до градоначалникот Максим Димитриевски.

Во продолжение погледнете ја прес конференцијата на младите кумановци кои сакаат да живеат во почиста животна средина:

Креирано од:


Пренеси го гласот