Живееме во некој чуден, збунувачки свет, во кој сѐ се менува и сѐ се превреднува. Во овој момент читам текст, чија дел го споделувам со вас:
„Насекаде каде што дојде на власт, буржоазијата ги разори сите патријахални, идилични односи што го врзуваа човекот за неговите природни претпоставки, неоставајќи меѓу луѓето никаква друга врска, освен голиот интерес… Таа го претвори личното достоинство на човекот во разменска вредност, а на местото на безбројните, со повелба признати и извојувани слободи, постави една, бессовесна слобода на трговија. Со еден збор, на местото на експлоатацијата, прикриена со религиозни и политички илузии, таа озакони експлоатација, која е отворена, бесрамна, директна и сурова. Буржоазијата го разголи светиот ореол на сите дотогаш почесни дејности, на кои се гледаше со стравопочит. Таа ги претвори лекарот, правникот, свештеникот, поетот, научникот во свои платени наемни работници. Од семејните односи го симна нивниот срцепарателен превез и ги сведе на чисто парични односи… Испарува сѐ што е стабилно и воспоставено, се скрнави сѐ што е свето… Таа ги принуди сите нации да го прифатат буржоаскиот начин на производство; доколку не сакаат да пропаднат, ги принудува да ја прифатат т.н. цивилизација… Кога најпосле завршува експлоатацијата на работникот од страна на фабрикантот, и кога во готово ќе ја прими својата наемнина, врз него се нафрлаат другите делови на буржоазијата – станодавецот, бакалот, лихварот итн.“ (Во Карл Мркс – Фридрих Енгелс: „Манифест на комунистичката партија“, пишуван 1848., објавен 1849 год.)
Сега, после скоро два века, почнуваме да го живееме она што го живееле Англичанецот, Французот, Белгијанецот… Влегуваме во ветениот свет свет.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи
dm повторно го отвора еко-конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ – пријавете го вашиот двор за раззеленување!