БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Во мојот град веќе не врне…

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Секој од нас во себе носи заборавени спомени коишто бавно нè следат на патот кон она што допрва доаѓа. Некои спомени нè одминуваат во сегашноста, демнејќи нè во иднината и трпеливо чекајќи го погодниот момент.

 Има и такви спомени коишто просто стојат заборавени во некоја одаја од нашата душа. Без да мрдаат.

И, ако сме доволно смели, ќе ги завлечеме белите чаршафи со коишто сме ги покриле и ќе си објасниме (тогаш) зошто мразиме некои денови од седмицата, зошто сме мрзоволни кога врне, зошто не ни се допаѓа некоја боја или, едноставно, зошто ја носиме таа празнина во себеси…

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

А, со сигурност може да се каже дека не е пријатно да се сеќаваш на нештата што те повредиле.

Можеби токму поради тоа ги забораваме страшните моменти: моментите што осакатиле дел од нас, што нè направиле поарогантни, цедејќи ја добрината од нашето срце и правејќи нè несигурни или исплашени од животот…

Нема болка којашто може да нè направи посилни. Има болка којашто може само да нè направи поразлични. Затоа сите ние остануваме оние деца коишто селективно заборавале некои нешта и коишто непрестано си повторуваат дека растат, сè додека не си поверуваат колку многу пораснале…

Во мојот град веќе не врне. Тука поминуваат само магични прашини со кофи вода… да не’ измијат од спомени.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace