Се почесто Македонската јавност е сведок на коренити промени кои што актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ ги практикува во поглед на развојот и унапредувањето на демократијата и граѓанските вредности во внатрепартиската хиерархија и воопшто работење.
Од моментот на партискиот конгрес во Валандово кога професорот Христијан Мицкоски беше избран за Претседател на ВМРО-ДПМНЕ, во едни исклучително тешки услови за опстанокот на партијата, па до денес кога партијата сигурно јуриша кон освојување на идната власт во Република Македонија, може да се забележи целосен препород на начинот на поимање и практикување на политиката во оваа партија.
Играјќи на картата на висока меѓународна политика, рамо до рамо со сите значајни светски политичари секогаш во интерес на сегашноста и иднината граѓаните на Македонија, ВМРО-ДПМНЕ стана клучен стожер на повторниот подем (процес за обнова- како што го нарекуваат во партијата) на Македонското општество.
Ваквата улога која се манифестира во јавност во последните 6-7 месеци како целосен нов имиџ на партијата доаѓа заедно со луѓето кои се носители на најодговорните позиции во партијата.
Еден од нив е Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски кој што јавноста моќеше да ги види пред камери во јавност секогаш кога требаше да се соопштат тешки и важни одлуки како за партијата така и за иднината на граѓаните на Република Македонија. Сите се сеќаваме лани на една попладневна изјава пред партиското седиште кога Александар Николоски го зададе фаталниот удар за штетното влијание на инфилтрирани поединци и структури кои што како баласт тежеа околу вратот на ВМРО-ДПМНЕ. Оваа прес конференција беше своевидна пресвртна точка од која почна да се гради современото ВМРО-ДПМНЕ чии што идеали се содржани во основните идеи за формирањето на партијата низ една тешка и макотрпна голгота во текот на речиси две децении пред 1991-вата година.

Чистотата и светоста на тие идеи за развој и просперитет на слободниот Македонец во слободна и респектирана држава во меѓународни рамки, во центарот на најтурбулентниот регион во светот- во срцето на Балканскиот полуостров, тлее и ден денес во услови на строга поврзаност и детерминираност на опстанокот на Македонија на глобален геостратешки план. И во ниту еден момент интересот и гласот на Македонските граѓани не беше игнориран од врвот на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 3 тешки години.
Баш напротив!
Во услови на систематска државна репресија на официјалните државни структури под раководство на СДСМ врз членството и функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, партијата беше и се уште е изложена на политички терор од широки размери. Не беше и никогаш нема да биде лесно човек кој што е задоен со светите идеи на ВМРО да опстои во таков режим на прогон и негаторски однос од полугите на власта предводена од СДСМ.
А најголем ударот на политичкиот прогон беше врз луѓето кои гласно и без престанок говореа за малигните аномалии кои го разјадуваат Македонското општество под контрола на Зоран Заев и врвот на СДСМ.
Од друга страна историската важност на времето кое го живееме како народ допринесе за кристализација и издигнување на своевидни предводници на алтернативата на владеењето на Зоран Заев и СДСМ од изминатите три години. И секогаш таквите моменти на пркос против штетните политики на власта можеше на лицата на луѓето кои стојат на чело на ВМРО-ДПМНЕ, да се забележи смиреност- пред се но и сигурност и решителност, со кои овој народ почна да се храбри и воздигнува од калта во која беше притиснат во изминатите години.
Таа смиреност потекнува од чистотата, од традицијата, од се она што е вредно како содржина на есенцијата на Македонското национално ткиво, носена во битот на секој вообичаен Македонски граѓанин. Таа сигурност потекнува од знаењето и огромното искуство на личен е општествен план. Таа решителност доаѓа од светлата визија и идеалите на исконското ВМРО за опстанок, развој и просперитет на Македонецот во слобода и заедништво со сите модерни и прогресивни европски и светски држави.
За таа смиреност= чистота/традиција,
за таа сигурност= знаење/искуство,
за таа решителност= визија/идеали;
како читател можам да прочитам во по малку невообичаеното интервју на Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски за порталот www.friday.mk каде овој политичар говори токму за тие вредности кои го квалификуваат него како човек.
Дојден во вриежот на Македонското политичко невреме да донесе смиреност и знаење, универзални човечки идеали и вредности за подобар живот и напредок.
Тој во одговор на новинарско прашање:
www.friday.mk: –Што е она што те инспирира во животот? Дали имаш нешто што е мотив за тебе и што те води?,
одговара со речник кој што е досега непознат или многу малку афирмиран во јавноста:
Причината поради која што решив да се занимавам со политиката иако е многу неблагодарна професија е можноста да оставите нешто за луѓето позади вас. Јас сакам да оставам нешто кое што ќе го паметат идните генерации. Да ја подобриме државата и да оставиме една трага во историјата дека во тоа време, тие луѓе ја направиле таа промена. Тоа е главниот мој мотив зошто се занимавам со политика.
На прашањето:
www.friday.mk: Што би им порачал на младите? Колку според тебе младите во Македонија се спремни да ризикуваат за успех?
Александар Николоски одговара со:
Често се среќавам со помладата генерација и мислам дека има млади кои се спремни за успех. Имаме неколку фантастични генерации кои се самостојни и амбициозни. Најголем фактор за ова е развојот на технологијата, а преку неа започнуваат од млади да заработуваат и да се снаоѓаат. Последниве неколку генерации мислам дека ќе дадат многу за државата во следниот период. Би им порачал на младите да си ги следат соништата и да не зависат од никого и да не слушаат никого. Добро е да примаат совети, но на крај сами да си ги носат одлуките. Она што исто така им го препорачувам е што повеќе да се насочат кон науката и технологијата, бидејќи ако не ги следите, нема да можете да опстанете во ова општество денеска. Треба да бидат бунтовни особено кон нас кои се занимаваме со јавен живот и политика. Мора да не критикуваат и не смеат да ни кажуваат дека за се сме во право бидејќи тоа е нешто што го уништува секого.

Во овие негови реченици е содржана иднината на Македонската политичка сцена со целосно нов вредносен систем базиран на есенцијата на Македонското постоење како универзална човечка вредност.
Остатокот од неговото неконвенционално интервју за порталот FRIDAY можете да го прочитате тука.
Оттука можам да заклучам со оглед на високата позиција на Потпретседателот Николоски во партијата која несомнено ќе биде победник на претстојните Предвремени парламентарни избори на 12-ти април, дека е дојдено времето на новите политичари кои ќе создадат иднина во равновесие и интерференција со потребите на својот народ и граѓани од кои ќе бидат избрани.
Таа иднината припаѓа на чесните, искрените, сигурните во себе, лојалните поединци создадени од вообичаеноста на Македонското секојдневие. Таа иднина им припаѓа на храбрите кои не се плашат да се идентификуваат со својот народ, во целата негова убавина дури и тогаш кога било најтешко.
Пишува: Анастасов Кирчо


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Божиновска со низа билатерални средби и пораки за забрзана транзиција на UNECE Resource Management Week
Шеикот Венко од Емиратите: Сепак претседателот на СДСМ има златна виза како менаџер и инвеститор во Обединетите Арапски Емирати
Божиновска од UNECE Resource Management Week 2026: Одлучни политики, силни инвестиции и меѓународна соработка за одржлива енергетска иднина