БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Институциите вријат од нови вработувања. Во Штип ваквиот тренд е можеби најизразен

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На денешната прес конференција на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Штип реагираа во однос на грубата партизација на администрацијата која предизборно ја прави СДСМ преку нивните раководители и функционери на сите нивоа во Штип.

Во продолжение во целост го пренесуваме текстот на нивната прес конференција по овој повод:

“Изборниот поткуп на големо лицитира со гласовите за изборите што следат. Ако минатата недела во Клиничката болница во Штип беа вработени дури 35 лица, оваа недела веќе имаме оглас за вработување на 13 лица во Македонски пошти. Институциите се полнат со партиски кадар, додека државата се задолжува за исплата на пензии и социјални надоместоци.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во изминативе 3 години, во Штип се вработи вртоглава бројка од 900 лица. Но, пред распишување на изборите, или поточно, во текот на првите два месеци од 2020 година, општинскиот огранок на СДСМ обезбеди вработување за неверојатни 200 лица. Дека навистина станува збор за изборен поткуп, говори и фактот што овие лица мора да обезбедат листа со 20 гласачи, кои на изборите ќе го заокружат редниот број пред владеачката партија.

Оваа ненародна, клиентелистичка и антидржавничка структура ги крши законите на дневна основа и бара спас во прекршување на воспоставените правила.

Почитувани сограѓани,

Ова е масовен грабеж на народните пари!

Ова е жесток удар кон демократијата и законите!

Очигледно е дека СДСМ тоне во безизлезност и секоја сламка ја гледа како утеха за изборниот пораз!”

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace