Денеска Градоначалникот на Општина Штип заедно со Директорот на Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија беа на калливата локација каде го одбележаа ставањето на камен темелник на нов базен.
Според информациите станува збор за базен со димензии 9 метри на 20 метри за град во кој што живеат над 50 илјади жители.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека ваквите активности на градоначалникот Бочварски се гол популизам и обид за прибирање на евтини политички поени, особено поради фактот што Бочварски за оваа локација претходно ветувал изградба на Аквапарк и Спортско рекреативен центар од кои до ден денес нема започнато со реализација на терен ништо.
Во продолжение ја пренесуваме реакцијата на Општинскиот комитет на МРО-ДПМНЕ од Штип по однос на ваквиот пропагандистички настан на двајцата високи партиски функционери на СДСМ:
“И после три години најава, и четири пати промена на локација, непосредно пред избори, сакајќи да прикажат дека работат нешто, побрзаа да го обележат местото каде планираат да го направат таканаречениот затворен базен. Евтините популистички поени кои сакаат да ги добијат пред избори, нема да донесат ништо, туку пораз за оваа власт. Граѓаните ги научија овие предизборни трикови на СДС, затоа што се наслушаа на многу лажни ветувања и најави, па така, не би било чудно и доколку ветат дека базенчето ќе биде пуштено во употреба за 10 дена.
Базенчето со широчина од 9 метри и должина од 20 метри, за град со 50.000 жители, е недоволно за потребите на граѓаните. Политичката гарнитура која моментално насилно владее во државава, повеќе растури отколку што направи. Проектите со кои се фалат го будат револтот на штипјани, кои ќе ги казнат во блиската прилика што следи.”
По повод оваа пропагандна активност на градоначалникот Бочварски во јавноста реагираше и Координаторот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Штип, чија што реакција ја пренесуваме во целост:
“Базенчето на Сутлакот ќе чекале да заврне за да се наполни со вода. Популистички и ефтин трик за пред избори. Најавуваат изградба на базен, а впрочем неговите димензии се рамни на кадичка. Сликање во калта во место во кое нема ниту чешма за вода полнење тие најавуваат изградба на базен. Ниту сами не веруваат во оваа замисла но мора да глумат пред камери. А да, на истото место веќе требаше да изградат Аквапарк и Спортско рекреативен центар. Покрај трите променети локации на затворениот базен ова им е и трет пат на иста локација да најавуваат изградба на нешто невозможно. Дефинитивно оваа политичка гарнитура на СДС залутала во некоја слепа улица на крив пат. “

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!
Уште една голема инвестиција на владата во здравството за делчевчани: Две нови возила за ЈЗУ Здравствен дом ,,Гоце Делчев ” во Делчево