На социјалните мрежи се појави лично сведоштво на првиот заразен со Корона вирусот во општината Пехчево. Притоа помеѓу локалните граѓани се појави одредена вознемиреност од ваквата информација по што следуваа повеќе реакции преку фејсбук на загрижени граѓани, особено по фактот што општината Пехчево до сега немаше идентификувано ниту еден заразен од вирусот.
За смирување на состојбата порака во јавноста упати и службеното лице кое што е задолжено за информирање за активностите на општината.
Истата ја пренесуваме во продолжение:
Почитувани Пехчевци,
Како лице кое е задолжено за информирање на активностите на општината и актуелните случувања, сакам да упатам апел до граѓаните за смирено и разумно однесување, да не се шири паника после информацијата за можната појава на корона вирусот во Пехчево.
Апелирам да се почитува личноста и угледот на секој поединец независно дали е инфициран, тестиран, во самоизолација или во хотелски карантин.
Доколку, се потврди информацијата како точна, градоначалникот на општина Пехчево, Драган Тренчовски, веднаш ќе излезе со официјално соопштение до сите наши сограѓани.
Ако во овој тежок час се поддржуваме, си помагаме, се охрабруваме, се почитуваме и СМЕ СЛОЖНИ
– вирусот нема НИКОГАШ да нѐ победи!
Нека излезе НАЈДОБРОТО од нас на површина, ова е момент на единство и заедничка борба!!


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Товарно возило удрило во мопед на магистралниот пат Штип-Делчево
Во ритамот на пијаното – најава за концерт на младата пијанистка Јулијана Јанев во Кочани
Експлозија на ел. бојлер во викенд куќа во Равна Река, пехчевско причина за повреда на 42 гидишна жена од Штип