БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Дното е пробиено: ЈП Солидарност во Виница има проблеми при исплатата на плати за вработените поради превработеноста обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Виница упатија своја реакција во јавноста во врска со потенцијалните проблеми со исплатата на плати за вработените во Јавното Претпријатие “Солидарност”.

Тие го обвинуваат актуелното раководство во јавното претпријатие за превработеност со партиски кадри поради што “Солидарност” се соочува со проблеми со исплатата на плати за сите вработени.

Во продолжение ја пренесуваме реакцијата на опозиционата ВМРО-ДПМНе во Виница:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“ЈП Солидарност сеуште нема исплатено плати на вработените за месец март, а неодамна директорот на ЈП додели решенија за 17 нововработени за коишто беше распишан оглас предизборно 👇
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=3276368785711670&id=516148198400423
Дополнително цената на водата расте од година во година, наспроти предизборното ветување дека ќе ја намалат за 30%.
Дополнително неверојатни 7.300.000 денари се потрошени за партиските вработени преку Агенцијата за привремени вработувања само во 2019та година.
Дополнително долгот на ЈП спрема добавувачите во 2019та година споредбено со 2018та е зголемен за повеќе од 2.000.000 денари и вкупните краткорочни обврски се зголемени за 6.000.000 денари во однос на 2017та кога е превземено управувањето на ЈП од СДСМ!
Ова се само неколку факти за ‘домаќинското’ работење во ЈП Солидарност од страна на директорот Александар Трајков и неговиот претходник.”

За ваквата појава на прекумерно вработување на партиски кадри на локално ниво во Виница од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираа уште во почетокот на оваа година:

Креирано од:


Пренеси го гласот