Членови на општинскиот комитет на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево во текот на денешниот ден спроведоа акција за делење на заштитни маски за жителите на делчевските села Стамер, Град и Вирче.
Во продолжение го пренесуваме известувањето на УМС во врска со овој мал хуман гест:
“”Не можеме да правиме големи работи, но малите можеме да ги правиме со голема љубов” рекла Мајка Тереза.
Во време кога носењето заштитни маски е задолжително, Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ Делчево во координација со Сашко Поповски обезбеди и подели заштитни маски за повеќекратна употреба за жителите на селата Град, Стамер и Вирче.
Се надеваме дека со овој мал гест барем малку допринесовме за заштита на граѓаните од коронавирусот.”


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Товарно возило удрило во мопед на магистралниот пат Штип-Делчево
Во ритамот на пијаното – најава за концерт на младата пијанистка Јулијана Јанев во Кочани
Експлозија на ел. бојлер во викенд куќа во Равна Река, пехчевско причина за повреда на 42 гидишна жена од Штип