БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Разликата меѓу Игор Дурловски и Костадин Костадинов низ фотографии

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Откако беше прозван од страна на Портпаролот на СДСМ, Игор Дурловски му возврати на Костадин Костадинов на свој карактеристичен начин, со што направи директна споредба низ фотографии.

Во продолжение истовремено ја пренесуваме и пораката која Дурловски му ја упати на Костадинов:

“Го слушам Костадин денеска на прес конференција и не знам како може гласноговорникот на партијата која ја приватизираше Македонија, партијата на Заеви, кои вртат милиони, а земаат државна помош како да се зависни од неа, партијата на Анѓушев, со милионскиот бизнис, Шекеринска со десетиците станови, и многу други од нивен калибар, како зборува за имоти. Еве збор два и за тоа.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Земјиштето кое што јас со уште 5 други лица го имам купено е пасиште, земја од 6 та категорија. Не се работи за плац во струмичката касарна чија цена достигнува и до неколку стотици илјади евра, ниту станува збор за погон со марихуана. Тоа земјиште е со вкупна вредност од не повеќе од 15 илјади евра. Мојот дел во него е 1/6. И за разлика од тебе и твоите наредбодавци парите за истото ги имам стекнато на чесен начин со работа, труд и дваесетгодишно живеење и претставување на Македонија насекаде низ светот.

#РазличниСме“”

Креирано од:


Пренеси го гласот