БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Александар Пандов: Горд што сум Македонец, а уште сум по горд што и Гоце Делчев е Македонец

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Само вистински патриот на малата импровизирана сцена пред Министерството за надворешни работи може да биде дочекан со песна од илјадниците граѓани кои протестираа за Гоце Делчев вечерва во срцето на Скопје.

Александар Пандов кој што од неодамна беше именуван како Претседател на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ пред присутните ги извикуваше зборовите кои што секој еден родољуб Македонец го носи во своето срце.

“Морам да ви признам на почетокот една работа: многу-премногу сум горд што сум Македонец, и уште сум по горд што и Гоце Делчев е Македонец. Сите ние тука собрани сме гоцевите синови и ќерки. Ние сме таа гоцева раса

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

За жал во Република Македонија на власт е мафија, мафијаши кои не ценат ништо и ништо не им е свето. Истите тие решени се да го продадат и најсветото, да го продадат Гоце Делчев.

Ние, како Македонци сме сега повикани да го спречиме да го направат тоа. Mеѓутоа сите вас сакам да ве предупредам ниту ВМРО, ниту Христијан Мицкоски, ниту Александар, ниту било кој од нас тука,  не можеме тоа сами да го направиме. Единствениот начин како можеме да ги спречиме сега е да излезе народот, многу народ на македонските улици, во македонските села и градови, сплотени и единствени. Само така можеме да ги спречиме. Така и никако поинаку можеме да покажеме и докажеме дека тука, во Република Македонија живее еден чесен и достоинствен народ, народ кој говори на Македонски, народ кој што пишува на Македонски, народ кој што се идентификува како Македонци.

Ако сакаме да ги испочитуваме и сите патриоти, илинденци, асномците, уставобранителите, жртвите и страдањата кои што ги имаат дадено за Република Македонија, тоа е патот по кој што мора да одиме.

Оттука ве повикувам, не само вечерва туку и во сите наредни протести кои што ќе ги организира ВМРО да излеземе уште помасовно, подостоинствено и јасно и гласно да кажеме дека ние сме Македонци и живееме во Република Македонија.”

-рече Александар Пандов од денешниот протест на ВМРО-ДПМНЕ.

Креирано од:


Пренеси го гласот