Само вистински патриот на малата импровизирана сцена пред Министерството за надворешни работи може да биде дочекан со песна од илјадниците граѓани кои протестираа за Гоце Делчев вечерва во срцето на Скопје.
Александар Пандов кој што од неодамна беше именуван како Претседател на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ пред присутните ги извикуваше зборовите кои што секој еден родољуб Македонец го носи во своето срце.
“Морам да ви признам на почетокот една работа: многу-премногу сум горд што сум Македонец, и уште сум по горд што и Гоце Делчев е Македонец. Сите ние тука собрани сме гоцевите синови и ќерки. Ние сме таа гоцева раса
За жал во Република Македонија на власт е мафија, мафијаши кои не ценат ништо и ништо не им е свето. Истите тие решени се да го продадат и најсветото, да го продадат Гоце Делчев.
Ние, како Македонци сме сега повикани да го спречиме да го направат тоа. Mеѓутоа сите вас сакам да ве предупредам ниту ВМРО, ниту Христијан Мицкоски, ниту Александар, ниту било кој од нас тука, не можеме тоа сами да го направиме. Единствениот начин како можеме да ги спречиме сега е да излезе народот, многу народ на македонските улици, во македонските села и градови, сплотени и единствени. Само така можеме да ги спречиме. Така и никако поинаку можеме да покажеме и докажеме дека тука, во Република Македонија живее еден чесен и достоинствен народ, народ кој говори на Македонски, народ кој што пишува на Македонски, народ кој што се идентификува како Македонци.
Ако сакаме да ги испочитуваме и сите патриоти, илинденци, асномците, уставобранителите, жртвите и страдањата кои што ги имаат дадено за Република Македонија, тоа е патот по кој што мора да одиме.
Оттука ве повикувам, не само вечерва туку и во сите наредни протести кои што ќе ги организира ВМРО да излеземе уште помасовно, подостоинствено и јасно и гласно да кажеме дека ние сме Македонци и живееме во Република Македонија.”
-рече Александар Пандов од денешниот протест на ВМРО-ДПМНЕ.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Историскиот антагонизам меѓу двете држави се надминува? Бугарија ја одобри еколошката студија за изградба на патно поврзување меѓу Струмјани и Берово
Во с. Драгобраште, виничко уапсени 26 годишник од Делчево и 24 годишник од с.Вирче, делчевско
Карл Јунг – патот преку поучни приказни, како дел од неговата книга „Сеќавања, соништа, рефлексии“