Полковник Драган Ковачки зад кој што стои блескава војничка кариера во изминатите повеќе од 20 години, преку социјалните мрежи упати свој категоричен став зошто војската не смее да биде користена како поддршка на полицијата по улиците низ државата.
Според Драган Ковачки улогата на војската е да го штити народот од надворешни закани но не и како репресивна алатка за спроведување на политики врз сопствениот народ.
Во продолжение го пренесуваме ставот на Драган Ковачки во врска со ова особено важно прашање кое што во исклучителни случаи може дополнително да ја дестабилизира државата, преку рушење на угледот на сопствената армија:
“Постои причина зошто во цивилизираниот свет, војската и полицијата се различни и се раздвоени.
Полицијата е формирана и постои да се справува со непријателите на системот (престапници, криминалци, терористи и сл.) Војската пак е формирана и постои да се бори со непријателите на народот.
Е сега, доаѓаме до клучното: кога ќе се обидеш војската да ја направиш полиција, тогаш постои тенденција непријател да стане народот. И токму затоа, војската и полицијата мора да останат раздвоени. Накратко, полицијата може да биде војска, но војската не смее да биде полиција.”
-соопшти Драган Ковачки.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Радица Таскова: МАКЕДОНИЈО, КАДЕ НИ ИСЧЕЗНА ЧОВЕЧНОСТА?
Гадните 90-ти и антикапиталистичкиот отпор со снежни топки
Пакетите од Шикло