“Во изминативе 5 денови, во Штип се заразиле дури 192 лица. Секој ден, од овие 5 изминати, починало по едно лице од Ковид 19. Штип пак, е и на врвот на статистичкиот сооднос меѓу број на жители и новозаразени.
Овие податоци говорат дека стапка на леталитет во Штип е повеќе од морбидна и властите лесно можат да утврдат дека одлуката за предвремени локални избори во Штип е НЕПРАВИЛНА!
Но, додека светот штеди за успешно да се справи со опасниот Корона вирус, сиромашната Влада во нашата земја, планира огромни расходи за не толку важните локални избори во Штип. Наместо парите од избори да ги пренеменеа за набавка на медицински помагала и намалување на новозаразените, СДС во трката за брзо богатење, по втор пат годинава ќе ги става граѓаните во опасна положба. Во Штип ситуацијата е драматична до степен да има повеќе заразени, отколку оздравени и очигледно е дека неразумната власт, преку овие непотребни избори ги изложува штипјани на смртоносниот вирус.
Почитувани,
Бројките на заболени во Штип се загрижувачки, цел кабинет на моменталниот Градоначалник е во изолација, а неодговорната власт, граѓаните ги втурна во нерамномерна борба со вирусниот непријател. “
Интегрален текст на Игор Ефтимов од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Штип.