Од компликации од Ковит-19 во белградска болница на 87 години почина легендарниот басист на поп-рок бендот Рибја Чорба.
За генезата на ваквата трагедина пред неколку денови неговата ќерка Мина Алексиќ споделила своја фејсбук порака во која таа им соопшти на неговите фанови дека музичарот е хоспитализиран во болница и бил приклучен на респиратор повеќе денови. Таа исто така соопштиила дека само пред две недели се смееле сите заедно- цело семејство во нивниот дом и дека не верувале во опасното влијание на корона вирусот и дека не се сложувале со носење на маски за заштите. Но сега опасниот вирус допринел и двајцата нејзини родители да бидат во болница. Притоа таа во својата порака посакала сите фанови на нејзиниот татко музичар да испратат најсилна позитивна енергија во универзумот за да може музичарот што поскоро биде на сцена со својата гитара.
Мирослав Мишо Алексиќ е роден во година во Белград. Својата музичка кариера ја започнал во 1970 година во бендот под име “Ројали” како бас гитарист и пејач. Со овој бенд освоиле значајна награда на Радио Белград. Во 1971 година Мишо Алексич заминал за САД каде дипломирал средно образование во Мериленд. Таму го основал бендот Ших-Мух-Фух. По ваќање во Југославија заедно со Драган Штуловиќ, Драган Тасиќ, Стеван Стевановиќ го формирале бендот СОС. Со повоќе персонални промени во овој бенд настанал бендот Рибја Чорба во 1978 година со вокалот Бора Џорџевиќ.
Во текот на својата музичка кариера Мишо Алексиќ пишувал песни за повеќе познати југословенски и српски пејачи меѓу кои биле Здравко Чолиќ, Џези Бел, Билјана Петровиќ, Милорад Мандиќ и други. Како продуцент покрај албумите на неговиот бенд Рибја Чорба продуцирал албуми на повеќе други значајни бендови.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ВО МАГИЧЕН АМБИЕНТ ВИКЕНДОВ СЕ ОДРЖА „ПОТОЧИЊА 2026“
Бојана Скендеровски со концерт во Штип: Огнен Здравковски и Коки Јанков специјални гости
„Еј жено, храбро срце носиш“ – новата емотивна балада на Елена Велевска со моќна порака за жените