БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ерупција на револт против Заев во Македонска Каменица: Со овој протест го означуваме почетокот на крајот на тиранијата

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Голем број на граѓани излегоа вечерва на протестниот конвој со автомобили против власта на Зоран Заев и СДСМ во Македонска Каменица.

Од овој рударски град на крајниот исток од Република Македонија заедно со свиреж на сирените на автомобилите кои беа дел од конвојот беше упатена громогласна порака :

“Драги каменичани. Патриоти.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Љубовта кон Македонија нè собра оваа вечер на протест. Од овој протест, Македонска Каменица испрати јасна и гласна порака, и до тие што се на власт во Скопје, и до тие што се на власт во Софија. Идентитетот и јазикот на Македонците се нашите црвени линии. Македонскиот народ е посебен народ, домороден народ на овие простори под Пирин, Егеј и Вардар. Македонскиот јазик е посебен јазик, а не нечиј дијалект или норма. Премногу крв и солзи се дадени за нашата слобода и државност за да им дозволиме на еден грст корумпирани политичари од власта да се откажат од посебноста на македонскиот народ и држава и да се откажат од македонското малцинство во соседните земји. Со овој протест кренавме глас против брусењето и уништувањето на аргеадската ѕвезда од јавните површини, од криењето на каменичкото општинско знаме.

Вие, што дозволивте еден зоран заев и никола димитров да ви кажуваат да се срамите од кутлешкото сонце, продолжете да се срамувате и тој срам нека ви е вечен, а нас оставете нè слободно да се гордееме на нашето наследство.Нашите антички корени не ги измислил Тито или Груевски. Еве што пишува за нив Ѓорги Пулевски, во песната „Македонска самовила и еја посестрима“, печатена во 1879:”Да ли сте чуле, Македонци, стари људи што говорат Од Македонци по јунаци над них не било. Цар Александар Македонски триста лета пред Христа

Со Македонци сви вселену повладал. Наш крал Филип – Славјанин е, цар Александар – Славјанин е Наши баби славјански ги родиле. Македонци! Сетите се за јунакство македонско, Та спроти старих вие сега да следувате!”

Денес со овој протест го означуваме почетокот на крајот на тиранијата на корумпираните политичари на власт.

Македонија ќе биде вечна сė додека патриотите како нас го ставаат националниот интерес пред својот личен интерес.

Никогаш северна, само Македонија”

-порачаа од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Македонска Каменица.

https://www.facebook.com/MakedonskaKamenicaOK/videos/767343767154963/

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace