БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Патот Делчево- Кочани да се преименува во “турни ме да кинисам”. Властите затекнати неподготвени, граѓаните со проблеми во сообраќајот

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денешните минимални врнежи на снег и екстремно студеното време предизвикаа заледување на коловозните ленти ширум Брегалничкиот регион. Регионалниот пат Делчево-Македонска Каменица-Кочани е во екстремно лоша состојба а на повеќе места попладнево се забележани застои на сообраќајот.

Наши читатели на лице место на оваа патна делница јавуваат за неподвижни возила кои се туркани од страна на човечка сила и за недоволна ефикасност на оперативата на Јавното претпријатие за државни патишта. Револтирани граѓани соопштуваат дека воопшто на коловозот нема нанесување на ризла и сол а заледениот коловоз е директна закана за безбедноста на патниците.

Неповолната состојба на оваа главна сообраќајна артерија на Источна Македонија најмногу се одразува на тешките товарни возила и автобусите кои беа затекнати парализирани долж регионалниот пат.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace