БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Дали “Република Македонија” на веб страната за попис е трик за привлекување на дијаспората да се попишува?

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На официјалната страна на Државниот завод за статистика стои името “Република Македонија” на апликацијата наменета за попишување на Македонската дијаспора.

Имајки го предвид инсистирачкото користење на со сила наметнатата придавка “Северна” од страна на сите институции под контрола на Зоран Заев, се поставува дилемата дали оваа појава со која намерно се одбегнува “Северна” во апликацијата за попис на дијаспората, не е своевидна мамка за Македонската дијаспора за да се попише во што е можно поголем број? Мнозинството од Македонската дијаспора се спротивставува на употребата на “Северна” во името на нашата татковина, па сигурно истата би делувала одбивно во името прикажано на апликацијата каде Македонците од цел свет би требало да ги остават своите лични податоци.

Оттука крајно симптоматично е однесувањето и неконзистентноста на државните институции кон од нив наметнатото име “Северна” на државата Македонија.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Овде нешто смрди”-ќе рече нашиот народен мудрец….

Ваквата пракса најмалку оди во прилог на зголемување на довербата на јавноста кон процесот за спроведување на пописот кој што е дел од коалициската програма/договор на Зоран Заев и Али Ахмети.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace