На веб апликацијата преку која Македонската дијаспора треба да се попишува во рок од 60 денови стои дека е изработена од фирмата SCALEFOCUS. Според расположивите информации оваа компанија чие што седиштњ е во Бугарија и истата е во сопственост на Иван Иванов.
Ваквата информација гледана во контекст на заладените Македонско-Бугарски односи откако Бугарија го блокираше почетокот на пристапните преговори на Македонија за членство во ЕУ е крајно проблематична имајки го во предвид фактот дека преку оваа апликација се оперира со лични податоци кои што Македонската дијаспора треба да ги внесе во софтверот изработен од бугарската компанија.

Дополнително кон ваквата проблематичност се придодаваат тврдењата и заложбите на официјалните бугарски власти за постоење на голем број обесправени бугари во Македонија на кои не им е дозволено да се декларираат како бугари во нашата држава.