Водителите на една норвешка телевизија посветена на овогодинешниот евровизиски натпревар, ја коментираа песната и настапите на Васил Гарванлиев.
“За една од овогодинешните големи балади. Васил од Северна Македонија има класично образование, и посетувал големи угледни училиште низ светот. Присуствувал на сите часови и бирал музички професори. Тој стои многу гордо со порака со добра емпатија (сожалување). Васил од Северна Македонија додирнатти сме од оваа сурова изведба.”
-рече водителката на шоуто по што еден од гостите го исмеваше видео обраќањето на Васил за тоа како се случило да ја измисли песната со која се претстави синоќа на полуфиналната вечер и не успеа да се пласира во финалето.
Потоа другиот водител во врска со песната на Васил рече дека
“Ова може да биде луда пародија на целокупниот евровизиски натпревар”.
по што водителката ги коментираше патетичната кореографија и говорот на телото на Васил во неговиот музички спот.
“Никој оваа година не го сака ова повеќе од Васил. Тој толку многу сака да го сакаме Има нешто малку засрамувачко кај луѓето кои се восхитени од самите себеси”
-рече гостинка во ова шоу на норвешката телевизија.
Ваквото исмевање на овогодинешниот евровизиски претставник на нашата земја е досега незабележано во историјата на претставувањето на Македонија на Евровизија и одговорните лица за овој срам треба убаво да се замислат на кој начин ги трошат парите на Македонските даночни обврзници.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Бојана Скендеровски со концерт во Штип: Огнен Здравковски и Коки Јанков специјални гости
„Еј жено, храбро срце носиш“ – новата емотивна балада на Елена Велевска со моќна порака за жените
Повеќе од радио фреквенција: Урбан ФМ како дигитална медиумска