Во изминатите денови во Виница се работеше на асфалтирање на улици во градот но и се вршеа подготовки за асфалтирање на улици во руралните населени места.
Вчера заврши асфалтирањето на неколку клучни раскрсници и делови од улици, по што како резултат на синоќешните и утрински врнежи и студено време, градежната оператива беше оневозможена да продолжи со квалитетна изградба на планираните делници.
“Во текот на вчерашниот ден се реконструираше раскрсницата на ул. „Маршал Тито“ и ул. „Димитар Влахов“ и раскрсницата кај градскиот пазар на улиците „Маршал Тито“ и „Н.Н.Борче“.
Поради влошените временски услови градежните активности ќе продолжат со изведба на земјени работи, односно припрема на улици за асфалтирање во с.Градец.
Во завиност од временските услови ќе продолжиме со реконструкција на други раскрсници во Виница и крпење на ударни дупки.”
-информираше градоначалникот на општина Виница Миле Петков.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево