БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Повторување за “понављачи”: Oва се аргументите на Левица против законот за државјанство

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Откако Зоран Заев јавно пред медиумите истакна дека не ги знае аргументите на Левица со кои се спротивставуваат на донесувањето на законот за државјанство, преку социјалните мрежи Димитар Апасиев му одговори на премиерот на свој специфичен начин:

“Прајминистерот, сакал да ги знае АРГУМЕНТИТЕ на Левица (кои досега се елаборирани во над 20 саата говори на комисии во парламентот, на пресови, на ТВ емисии итн.).

Но, еве да ги повториме за понављачи:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

1. Законот не се однесува на бездржавјани, туку на лица кои веќе имаа косовско државјанство – т.е. наместо на апатриди, се однесува на бипатриди!

2. Законот е спротивен на Европската конвенција за државјанство на Советот на Европа од 1997 год. (која ние ја ратификувавме во 2002) и е во директна спротивност на Конвенцијата на СЕ за намалување на случаите на повеќедржавјанство (1963).

3. Законот, по трет пат од распадот на СФРЈ (1991), ќе дава државјанство по пат на сукцесија – што е единствен пример на бившите југословенски простори.

4. Законот не бара ефективна врска со државата која го издава државјанството, што е непознат феномен!

5. Законот не предвидува познавање на македонскиот јазик како услов за стекнување државјанство преку т.н. „олеснета натурализација“.6. Законот предвидува давање државјанство со обични копии од платена сметка за струја!? (феномен непознат во светот).

7. Законот не бара да се има извор на егзистенција, како досега (што значи новите државјани идат директ на терет на државата).

8. Законот го намалува постојаниот престој за издавање државјанство на само 7 години!

9. Во случај на реинтеграција, непрекинатиот престој се намалува од три на само една година!

10. Проблемот на овие луѓе е институционален, а не легислативен (Македонија треба да цели кон поострување, а не кон либерализација на условите за стекнување државјанство).

11. Законот е во функција на нов вештачки етно-инженеринг, во насока на фалсификување на демографската реалност, во очи на илегалниот Попис…

p.s. Премиере, има још сто АРГУМЕНТИ и причини, ама еве за почеток овие десетина се доволно 😉

#ДолуЗаевизмот

-напиша Апасиев на фејсбук.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace