БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Во Делчево се гради фонтана од над 3 милиони денари. Граѓаните бараат улици да не газат во кал

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска на социјалните мрежи актуелниот Градоначалник на општина Делчево Горан Трајковски се пофали со почеток на изградба на репрезентативна фонтана во центарот на Делчево. Според информациите на градоначалникот во наредните 6 месеци економскиот оператор кој што е избран за изведувач на градежните работи има обврска да ја заврши изведбата на фонтаната која што според потпишаниот договор ќе чини 3.087.229,00 денари со вклучен ДДВ. Дел од сретствата за изработка на оваа фонтана се обезбедени од Буџетот на општина Делчево а дел се обезбедени од донации.

“Фонтаната е проектирана во формата бесконечност и одраз на модерно и современо Делчево. Идејното решение за фонтаната е уште еден несекојдневен производ на делчевската архитектонска фирма ГП „Архитекти“ и дипл.инж.арх. Гоце Попов, чиј потпис стои и на архитектонското решение на новиот градски пазар во Делчево. Со ова идејно решение, се внесува живост, динамика, естетика и го оплеменува околниот простор, а со тоа ја реобликува и новата градска слика и го привлекува вниманието на минувачите и посетителите.По начинот на функционирање, фонтаната е замислена да биде со затворен систем, односно предвидено е да врти една иста количина на вода од приближно 7м3 и да ја филтрира преку своја филтер– централа. Гледана во основа, димензиите на фонтаната се 4 метри ширина и 6 метри должина не сметајќи ја подземната помошна просторија. Висината на металната структура е 350 см, висината на базисот 45 см . Вкупната висина на целата фонтана е 395 см.”

-информира актуелниот градски татко на Делчево на социјалните мрежи во врска со фонтаната.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во коментари на неговата објава на фејсбук, повеќе граѓани побараа изградба на улици во нивните населби за да не мора да газат секојдневно кал наместо изградбата на оваа фонтана.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace