Деновиве делчевската јавност е сведок на истите ветувања на проекти од страна на кандидатот за градоначалник од СДСМ Горан Трајковски како оние од 2017 година.
Во досегашниот тек на актуелната предизборна кампања Горан Трајковски се појавува на свои нарачани затворени за медиуми видео прес конференции на кои чита некакви проекти кои ги ветува пред граѓаните со цел да ја добие нивната поддршка на 17 октомври. Од она што ми падна воочливо е што Горан Трајковски на неговите т.н. прес конференции на кои кани медиуми кои не поставуваат прашања, овие проекти Горан Трајковски ги чита од обични листови хартија.

Оваа сомнителна постапка решив да ја проверам па видов дека Горан Трајковски на официјалниот партиски веб сајт https://najdobroto.mk/ има објавено во електронска верзија нешто што се вика “НАЈДОБРОТО ЗА ДЕЛЧЕВО”што треба да биде некаква предизборна програма. Бидејки не можам да пронајдам ништо друго НАПИСМЕНО објавено од СДСМ или од Горан Трајковски како нивна програма со која ја бараат довербата повторно на Делчевчани, ќе констатирам дека ова е најочајната и најсиромашната програма со која излегол некој градоначалник пред делчевчани.
Овие неколку листови на електронската брошурка се достапни на https://najdobroto.mk/wp-content/uploads/2021/09/2_10_Delcevo_brosuraA5_v2_1.pdf
Во посочениот документ на официјалната партиска страна нема наведено конкретни проекти (освен овие 5 “најдобри” проекти) кои што планираат во наредните 4 години да ги реализираат.
Но во неговите еднонасочни прес конференции, Горан Трајковски од обични листови хартија чита некои други проекти кои ги нема во електронскиот документ и меѓу нив и оние проекти кои ги излажа во 2017 година во неговата тогашна програма.
За ваквата состојба реагираа и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ од Делчево кои ги “ловат” ваквите проекти кои Горан Трајковски ги ветува по вторпат на делчевчани.
Со тоа сметам дека Горан Трајковски се обидува да направи заблуда во јавноста играјки на “картата” на заборавот кај делчевската јавност и ќе образложам зошто:
Бидејки програмата “Живот за Делчево” со која во 2017 година ја доби довербата од Делчевчани да биде градоначалник, не е ни 20 % реализирана (за што неодамна правев анализа која Горан Трајковски немајки што да одговори ја изигнорира) и поради фактот што Горан Трајковски пак ги ветува повторно истите проекти што тогаш ги ветувал, директно признава дека истите не ги реализирал. Затоа Горан Трајковски заедно со неговиот шеф Зоран Заев прибегнуваат кон овој нов метод на презентација на програма во кој што покрај обраќањето на неговиот шеф Зоран Заев и неговото лично обраќање полно со празни флоскули и демагогија, во општи клаузули и набројување на 5 т.н. најдобри проекти се обидуваат повторно да ги измамат граѓаните во очи на овие избори.
А од друга страна го имаме Горан Трајковски на затворени прес конференции (во контролиран нивен систем) соопштува нови проекти со кои ја бара довербата на делчевчани а голем дел од овие старо-нови проекти се од неговата стара програма од 2017 година.
Оттука се поставува прашањето дали Горан Трајковски ги чита овие проекти ради-реда колку да му помине редот во обид на манипулација на неинформираните и неупатените, и дали има намера истите да ги реализира во наредниот 4 годишен мандат со оглед на тоа што ниту има посочено рокови, ниту извори на финансирање, ниту обем на реализација на истите? Доколку е сигурен дека овие проекти кои ги чита ќе бидат реализирани зошто не ги ставил во неговата т.н. програма објавена на нивниот партиски сајт?
Ова се прашања на кои јавноста во Делчево (онаа која не е партиски клиент или уплашен административен платеник) има право да ги знае одговорите.
Пишува: Кирчо Анастасов


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Иван Гоцевски: Оттука тргнала борбата за слобода на Македонскиот народ
На највисоко локално и државно ниво ќе се одбележи 150 годишнината од Разловечкото востание во Делчево
Со лажен сертификат по Англиски јазик сакал да биде директор на основно училиште во Берово